17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи за уште една година санкциите против Русија

ЕУ ги продолжи за уште една година санкциите против Русија

Европската унија (ЕУ) ги продолжи економските санкции против Русија поради анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014-та година со уште една година, пренесоа светските медиуми.

Во соопштението на Советот на ЕУ од денеска се вели дека тој „останува цврсто посветен на суверенитетот на Украина и територијалниот интегритет“ и продолжува „да го осудува кршењето на меѓународното право“.

Одлуката е донесена на седница на министрите за земјоделство и рибарство на 28-те земји членки во Луксембург.

Санкциите беа продолжени до 23-ти јуни 2019-та година. Тие се однесуваат за граѓаните на ЕУ и компаниите од Унијата. Санкциите забрануваат увозот на производи од Крим и Севастопол, прекинуваат секакви европски инвестиции или купувања на недвижен имот и туристички услуги таму, ги укинуваат и запираат бродовите и слетувањето на авиони на аеродромите во Крим со исклучок на вонредни ситуации, соопштија светските агенции.

Мерките вклучуваат исто забрана на извозот на некои стоки и технологии кои може да се користат за транспорт, телекомуникации или во енергетскиот сектор – особено во нафтениот и гасниот или во студијата за минерали, како и во одбранбениот и финансискиот сектор.

Забрането е обезбедување на техничка помош, брокерски, градежни или инженерски услуги поврзани со инфраструктурата во овие сектори.

Мерките, географски ограничени до Крим и Севастопол, се наметнуваат паралелно со економските санкции против Русија поради нејзината улога во украинскиот конфликт. Овие казнени мерки против Русија истекува на 31-ви јули 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП