20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската закана за американската нафта ја намали нејзината цена

Кинеската закана за американската нафта ја намали нејзината цена

Цените на американската нафта забележаа пад, откако Кина се закани дека ќе стави царина за увозот од САД како одговор на трговскиот спор со Вашингтон, пишува „CNBC“.

Фјучерси на американската сурова нафта за испорака во јули поевтинуваат со 1,75% до 63,92 долари за барел. Падот кај сортата Брент е многу поскромен – 0,75%.

„Цените на суровата нафта паднаа откако трговските тензии меѓу САД и Кина ескалира на крајот на минатата недела, а билатералните казнени мерки не се добар сигнал за инвеститорите и можат да му наштетат на економскиот раст“, коментира Бенџамин Лу од брокерската компанија „Phillip Futures“ во Сингапур.

Во петокот Белата куќа објави царини од 25 проценти на увозната стока од Кина во вредност од 50 милијарди долари поради „нечесните трговски практики“. Азиската земја пак се закани дека ќе го возвратат ударот, вклучувајќи давачки за суровата нафта.

Друг фактор за падот на цената на нафтата во моментов, се очекувањата Саудиска Арабија и Русија да го зголемат производството, откако од почетокот на минатата година беше склучен договор за ограничување на снабдувањето.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија ќе се состанат на 22-ри јуни во Виена, за да донесат одлука за идната производствена политика.

„Повеќето набљудувачи на пазарот очекуваат зголемување на производството, иако размерот и од кога евентуално решение би можело да влезе во сила остануваат нејасни”, рече Стивен Инес, директор за Трговија за азиско-пацифичкиот регион во „OANDA“.

На стоковите пазари златото поскапува со 0,31% до 1.282,50 долари за унца. Какаото забележа раст во цената од 3,53%, додека памукот поевтини со 2,43%.

Индексот на доларот, кој ја мери силата на оваа валута во однос на кошницата од шест главни валути, се зголемува со 0,08% до 94,52 поени. Доларот поевтинува однос на јенот со 0,16% до 110,48 јени. Австралискиот долар се тргува со 0,11% повисоко во однос на американскиот со 0,7450 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП