Германскиот канцелар Ангела Меркел даде сигнал дека е можно да биде отворен нов фронт на трговскиот спор меѓу Европската унија и САД. Според нејзините зборови, европските стратешки интереси зависат од иднината на европската автомобилска индустрија, што укажува на можна акција против американските интернет гиганти.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја посочи националната безбедност како причина за наметнување на царина за германските автомобили, па според Меркел „ние треба да размислиме за стратешката важност на европската автомобилска индустрија за ЕУ, така што можеме да ја подготвиме размената со САД“.
Трамп неколкупати упатуваше критики кон Европа, и претежно кон Германија, за одржување на големите трговски вишоци со САД, ветувајќи дека ќе стави крај на овие практики.
Во говорот за време на настанот, истакнајќи го 70-годишниот германскиот економски модел на т.н. „Социјален пазар“, таа рече дека пазарната доминација на американските интернет платформи, исто така претставува предизвик пред европскиот социјален модел.
„Економијата на платформите е голем проблем“, рече канцеларката. „Тоа е предизвик за нашите регулатори на конкуренцијата, така и за европските и го покренува прашањето за тоа дали тие треба да интервенираат по прашањето со значителната концентрација на големите платформи од САД“, изјави Меркел.
Оваа недела Меркел остро се спротивстави против ставовите на американскиот претседател за трговските односи САД-Европа, посочувајќи дека со вклучувањето на репатријација европска добивка од американските интернет гиганти, Вашингтон ќе има вишок на тековната сметка.
Но иако се закани со одмазднички акции, ако САД се придржуваат кон цврстата позиција за царините, таа истакна дека сепак земјата сака да се придржува кон мултилатералните договори.
„Може, се разбира, да се каже дека во време на деструктивни промени, потребни се сосема различни методи“, истакна канцеларката. „Но исходот од овој пристап е толку несигурен и на толку многу прашања, треба барем да се обидеме да склучиме мултилатерални договори“, додаде таа.