28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКраткорочните цели се клучен фактор за оствaрување на вашата визија (видео)

Краткорочните цели се клучен фактор за оствaрување на вашата визија (видео)

Кога станува збор за животот и кариерата, од суштинско значење се краткорочните цели иако во тој поглед се доста потценувани, бидејќи луѓето целото внимание го насмеруваат кон проектот во целост при тоа ја опфаќаат финалната реализација на планот, што е погрешно, а еве и зашто:

 

Полесни се за остварување

Краткорочните цели се доста полесни за остварување, одземаат помалку време и енергија.

Мотивираат

Тешките и долгорочните планови исцрпуваат и предизвикуваат фрустрација, беспомошност и желба за откажување. Но доколку целосниот план го „раздробите“ на помали планчиња полесни за остварување, ќе бидете поефикасни и мотивирани при остврување на целта во целина.

Тие ќе ви одредат правец

Најверојатно и на вас ви се случило да планирате нешто, но при истекот на временскиот рок станувате свесни дека е невозможно се да завршите. Се со цел да имате реална претстава за вашиот напредок и за тоа до каде сте стигнале со реализирање на планот и задачите, важно е планот да го поделите. На пример доколку имате желба да заавршите нешто во рок од една година, во тој случај зададете си обврска секој месец да правите нешто континуирано и навремено.

 

Ќе бидете посмирени и ќе размислувате појасно

Обично кога ќе се решите за голем проект, во тој случај не знаете од каде да почнете, па се префрлувате од една на друга задача без никков редослед, со што вашата продуктивност опаѓа.

Меѓутоа, кај краткорочните цели можете многу брзо да увидите што ви е најважно.

Заштедувате енергија и време

Ако сте една од оние личности кои никогаш не стигнуваат да се организираат и обврските ги превземаат во различен период од денот, многу се големи шансите да бидете непродуктивни. Но кај краткорочните цели нема да го имате тој проблем, благодарение на нив, вие ќе знаете кои се вашите приоритети.

Чувство на исполнетост

Тешко е да се живее без ова чувство, вистина е дека со овој пристап кон планот не ќе можете да го предвидите и планирате финалниот резултат, сепак со краткорочните цели вие останувате мотивирани и инспирирани за работа секој ден, зарем не е тоа поважно?!

Во продолжение ви нудиме неколку стручни совети кои веруваме дека добро ќе ви дојдат:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП