29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ќе прифаќа повеќе странска работна сила

Јапонија ќе прифаќа повеќе странска работна сила

Јапонската влада одобри план за продолжување на приемот на странски работници. Целта е да се пополни делумно недостатокот на работна сила, која сериозно влијае на некои сектори и може да се прошири и кон други поради стареењето на јапонското население, пренесуваат светските агенции.

Новиот визен статус ќе биде формиран и ќе им овозможи во теорија на емигрантите кои имаат пониски квалификации од обично побараните, да влезат на јапонска територија и да почнат да работат таму.

Сепак кандидатите треба да ги исполнуваат одредени критериуми, меѓу кои е да имаат познавање на јапонски јазик, што ќе им овозможи „да не се чувствуваат непотполни во секојдневниот живот“. Ова значи дека тие треба да имаат години обука зад нив.

Во секторите за земјоделство, малопродажба, градежништво и јавни услуги, грижа за постарите или малите деца, постои недостаток на работна сила. Јапонците немаат желба да работат во овие области, поради тешките услови за работа и непривлечните плати.

Бизнис круговите со кои премиерот Шинзо Абе е близок, долго време инсистираат да се отворат вратите за странците, но владата треба да балансира внимателно, за да не го предизвика гневот на националистите, кои се популарни поддржувачи на Либерално-демократската партија, која е на власт.

Според официјалните статистики, владата се потпира во 2018-та на 1,28 милиони странски работници со население од 128 милиони.

Вкупниот број на странските работници се зголемува, но повеќе од една третина (459.000 лица) од нив се сопруги и/или сопрузи на луѓе со јапонска националност, Јужнокорејци, кои долго време се во Јапонија, но ја задржаа својата националност по потекло или потомци на јапонски луѓе кои емигрирале и имаат странско државјанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП