13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв регионален бизнис натпревар во Белград, поддржан од Фондот за Западен Балкан

Прв регионален бизнис натпревар во Белград, поддржан од Фондот за Западен Балкан

Прв заеднички регионален настап на тројцата победници на проектот ЛИДЕР од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина

По успешно спроведените изданија на проектот ЛИДЕР и објавувањето на тројцата победници од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, наградените за првпат се стекнаа со можност за заедничко претставување на своите бизнис-идеи пред регионално и меѓународно жири, за време на Регионалниот бизнис натпревар, кој ќе се одржи во хотел Хилтон – Белград на 22-ри јуни, од 15:30 до 17:30 часот.

“Среќни сме што ги објавуваме победниците на проектот ЛИДЕР од трите регионални локации. Деветте победници – Валентина Чолиќ, Јована Станковиќ и Тамара Јевтовиќ од Србија; Олга Рајчиќ, Тодор Панев и Бојана Завкова од Македонија; како и Емина Захировиќ-Пинтариќ, Али Сајед и Срѓан Мајкиќ од Босна и Херцеговина, со нетрпение очекуваат да ги презентираат своите бизнис идеи, по добивање на континуирано менторство и поддршка и стекнување на сите потребни знаења за водење на успешен бизнис.”- информираат организаторите од трите регионални локации CANSEE (Канадско- српска бизнис асоцијација), Македонија2025 и Рестарт.

Првиот регионален бизнис натпревар е овозможен благодарение на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, финансиран од Фондот за Западен Балкан, кој е основан со цел да се финансираат мали и средни проекти од областа на образованието, одржливиот развој и човековите права во земјите од Западен Балкан.

Вториот регионален бизнис натпревар ќе се одржи на 9-ти август во Сараево (Босна и Херцеговина), а победниците по трет пат ќе ги презентираат своите бизнис идеи во Скопје (Македонија) на 7-ми ноември, како дел од Самитот на Македонија2025.

Заедничките проектни активности секако ќе придонесат за зголемена видливост и регионална присутност на сите победници, дел од проектот ЛИДЕР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП