Луѓето во светот се загрижени главно за работните места, корупцијата и здравството, покажуваат податоците од анкетата на „Ipsos“.
Последното издание на истражувањето, кое се реализираше меѓу 250.000 луѓе од 26 држави, содржи и други проблеми, меѓу кои сиромаштијата и социјалната нееднаквост, криминалот и насилството, тероризмот, образованието, даноците, инфлацијата, климатските промени, прекумерната тежина кај децата и друго.
Еве и неколку основни заклучоци од истражувањето:
1. Истражувањето се спроведува месечно и во декември 2017-та година за прв пат од март 2010-та година невработеноста не го зазема челното место меѓу испитаниците. Помеѓу јануари и декември срамот од губење на работното место се намалил за 17% во Канада, 11% во САД, 10% во Полска и 9 отсто во Русија и Шведска;
2. Светот стана повеќе оптимист – во 2017-та година вкупно 40% од учесниците сметаат дека нивната земја се движи во вистинската насока спрема 37% од една година порано. Кинезите продолжуваат да се лидери во тоа рангирање со импресивни 90%, следени од 73 и 72 отсто во Индија и Саудиска Арабија. Незадоволство се забележува во ЈАР и Мексико (по 89%), како и во Бразил и Италија со по 86 и 85 отсто.
3. Најголеми грижи од невработеност има во Италија и Шпанија – по 65%, додека во Јужна Кореја и Србија процентот е 62 и 61. Речиси нема слични проблеми во Германија (12%), Израел (17%) и Велика Британија (18 %).
4. Во Унгарија и Русија има најголеми грижи за нееднаквоста во општеството, односно 57 и 54 отсто, додека најмали се тие во САД, Шведска и Бразил.
5. За корупцијата, највисоки резултати се забележани во ЈАР, Унгарија, Перу, Бразил и Шпанија и најмали во Шведска и Германија, едвај по 9%, а исто така и Велика Британија (11%).
6. Главната загриженост во Турција, Израел и Белгија е поврзана со тероризмот (62, 45 и 34%), криминалот и насилството владеат во Перу и Мексико (59%), а здравството е главен проблем во Канада, Велика Британија, Унгарија и Полска.
7. Корупцијата е загрижувачка во Бразил, Јужна Африка и Индија.