18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТони Блер вели дека брегзитот сè уште може да биде блокиран

Тони Блер вели дека брегзитот сè уште може да биде блокиран

Најголемиот поборник за останување на Британија во ЕУ, Тони Блер, предупреди дека ЕУ е загрозена од левицата и од десницата и ја повика Европа да остане обединета и силна тврдејќи дека брегзитот сè уште може да биде блокиран, пренесува британски „Експрес“.

Блер вели дека Британија сè уште може да остане во ЕУ и дека шансите за поништување на волјата на 17,4 милиони луѓе всушност се зголемува. Тој рече дека политичкиот центар на Европа го стегаат од двете страни, како и од странските гиганти. Говорејќи на германскиот весник „Стерн“, Блер рече:

„Политичкиот центар на Европа е загрозен и од левицата и од десницата и сега ќе имаме три гиганти – Кина, Индија и САД. Ако не сакате да бидете уништени од овие гиганти, само сојузи ќе помогнат“.

Тој исто така предупреди за растечката привлечност на авторитарниот лидерски стил.

„Успехот на Доналд Трамп секако има врска со фактот што им се обраќа на граѓаните што се чувствуваа маргинализирани. Но, тоа не објаснува сè. Другите објаснувања се дека тој вели: „Јас ги завршувам работите, ќе се справим со нив“. Така успева дури и ако не се согласуваме со него“, рече Блер.

Блер смета дека ова е причината зошто е од суштинско значење да се бориме против брегзитот и дека успехот на обратниот процес е можен. Поранешниот премиер рече:

„Во овие времиња сецесионистичките движења како овде или во Шпанија се едноставно лудост. Самитот на Г7 покажа колку е важно Европа да остане обединета и силна. Брегзитот го прави спротивното и јас го разбирам американското гледиште, но Европа мора исто толку ефикасно да ги брани своите сопствени интереси“.

Блер рече дека кампањата за блокирање на брегзитот успевала и дека шансите за поништување на гласовите се зголемуваат.

„На почетокот на годината мислев дека сме на 25 отсто, но сега мислам околу 40 отсто. Луѓето очигледно веруваа дека ќе бидеме послободни и посувери, но се покажа спротивното, нема да бидеме послободни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП