25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја зголемува возраста за пензионирање и ДДВ-то

Русија ја зголемува возраста за пензионирање и ДДВ-то

Руската влада предлага зголемување на данокот на додадена вредност во земјата од 18 на 20 отсто од следната година, рече премиерот Дмитриј Медведев.

Според зборовите на Медведев, „даночниот маневар“, кој предвидува постепено зголемување на данок на екстракција на минерали и намалување на ескпортните царини за извозот на нафта и рафинирани производи, е на пат да биде завршен во 2024-та година.

Покрај тоа, Владата предлага и зголемување на возраста за пензионирање од 60 на 65 години за мажите и од 55 на 63 години за жените, рече рускиот премиер.

Владата предлага постепено да ја менува возраста за пензионирање, почнувајќи од 2019-та година, додавајќи дека ова ќе овозможи зголемување на пензиите во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП