19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Mustang Shelby GT350 зa 2019-та (фото)

Ford Mustang Shelby GT350 зa 2019-та (фото)

„Ford“ го подобри моделот „Mustang Shelby GT350“ зa 2019-та, a во центарот на вниманието беа аеродинамиката, шасијата, суспензијата и гумите.

Речиси ова е истиот автомобил како и минатата година, но „ветува“ подобри перформанси, како на тркачката патека, така и на улиците.

Вниманието го привлекуваат новите 19-инчни алуминиумски бандажи, новото крило, како и аеродинамички поефикасната предна маска, а овој аеродринамички момент е позајмен од новиот „GT500“ кој се очекува во следните месеци.

За контакт со подлогата се задолжени „Michelin Pilot Sport Cup 2“ гумите, а за безбедноста сопирачките „Brembo“.

Под хаубата и натаму е истиот „V8“ со 530 KS со шестстепен мануелен менувач, а „освежениот“ „GT350“ во продажба ќе се најде во почетокот на 2019-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП