6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена прогнозата за растот на австриската економија

Намалена прогнозата за растот на австриската економија

au1

Австриската централна банка, во петокот, ја намали прогнозата за растот на автриската економија за оваа и следната година, потврдувајќи дека таа алпска земја нема да може да ги избегне економските проблеми во еврозоната и другите региони.

За 2013 година, централната банка за австриската економија прогнозираше стапка на раст од 0,3 проценти, со што ја намали прогнозата од декември според која за оваа година беше предвиден раст од 0,5 проценти.

Прогнозата за 2014 година е намалена на 1,5 проценти, а во декември прогнозираше 1,7 проценти.

Ист потег, денес, повлече и германската централна банка, намалувајќи ја прогнозата на раст на германската економија во оваа година на 0,3 проценти, од порано прогнозираните 0,4 проценти. Намалена е и прогнозата за 2014 година од 1,9, на 1,5 проценти.

„За австриската економија се очекува конечно да достигне долгорочен просечен раст од околу 1,8 проценти во 2015 година“, наведува централната банка во денешното соопштение.

Прогнозите на останатите важни меѓународни институции се нешто по оптимистички од новите проекции на австриската централна банка.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својата прогноза во мај предвидуваше раст на автрискиот БДП за 0,5 проценти во оваа и за 1,7 проценти во 2014 година.

Според проекциите на ЕК од мај, австриската економија оваа година би требала да порасне за 0,6 проценти а идната за 1,8 проценти, додека во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во склоп со редовните пролетни проекции, прогнозиран е раст на австрискиот БДП од 0,8 проценти за оваа и од 1,6 проценти за идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП