Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Шилегов ги награди најдобрите матуранти

Време: 16:35

Датум: јуни 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вo рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на најдобрите 27 матуранти, од 22 средни училиште, им додели признанија и парични награди.

„Денеска наградуваме 27 млади сограѓани првенци од 22 средни училишта на Градот Скопје, а од следната година ќе ја имаме и првата генерација од матуранти од 23-тото средното училиште во Сарај “, истакна Шилегов.

Тој додаде дека првенците се на една раскрсница во животот, дека во средношколските клупи стекнале другари за цел живот, а со своите успеси си поставиле една своја основа, и им порача да ја користат таа основа, секојдневно да се стекнуваат со нови знаења, затоа што нивниот успех, е успех токму и на градот Скопје.

Добитници на наградите и признанијaта се: Анита Иванова и Оле Димитријевска од СУГС „Лазар Танев“, Теодора Трпоска од СУГС „Јосип Броз Тито“, Бојан Јакимовски од СУГС „Кочо Рацин“, Тамара Андоновска од СУГС „Георги Димитров“, Мелике Исемова од СУГС „Арсени Јовков“, Марко Жаров од СУГС „Здравко Цветковски“, Едвин Лековиќ од СУГС „Браќа Миладиновци“, Валентин Стојановски од СУГС „Владо Тасевски“, Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“, Блин Шабани и Џемиле Идризи од СУГС „Цветан Димов“, Кире Петковски и Давид Тиранивски од СУГС „Михајло Пупин“, Матеј Јовановски и Шуајб Саќипи, Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“, Дијана Ивановска и Стефан Левковски од СУГС „Боро Петрушевски“, Леона Ебиби од СУГС „Зеф Љуш Марку“, Симона Смилевска од СУГС „Панче Арсовски“, Лидија Божиновска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Филип Михов од СУГС „Орце Николов“, Елена Костовска од СУГС „Никола Карев“, Милена Трајаноска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Мазез Зеќири од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ и Емануел Мухаџери од СУГС „Шаип Јусуф“ .

И годинава, Секторот за локален економски развој на Град Скопје, како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште на организираше екскурзија „По стапките на творците на градот“.

Целта на овој проект е запознавање на младите генерации со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција, мултиетничкиот начин на живеење во Скопје низ вековите до денес.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Раст на БДП од 3,2 отсто, па и поголем, интензивна градба на патната и железничката инфраструктура, гасоводот и на обновливи извори на енергија, како и…

  • Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ја намали прогнозата за економскиот раст во оваа и следната година, а во исто време упати сигнал дека третата по големина економија…

  • Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки…

  • Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија ја надмина Кина и стана петата земја според резервите на злато во светот, откако западните санкции ја стимулираа нејзината централна банка да купува рекордни…

  • ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    Европската централна банка ќе има тесен временски период за да ги зголеми каматните стапки пред економијата во еврозоната ослабе. Овој заклучок беше постигнат од страна…

  • Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела“, што се одржува во Берлин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на…

  • „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека на потврдата на рејтингот ББ…

  • Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Најавите за предвремени парламентарни избори, што би се одржале заедно со редовните претседателски избори, ги раздвижија не само политичарите, туку и бизнисмените. Веднаш по барањето…

  • Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите…

  • Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Времето денеска ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег кои…