16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот даде „зелено светло“ за договорот помеѓу AT&T и Time Warner

Судот даде „зелено светло“ за договорот помеѓу AT&T и Time Warner

Федерален судија од Вашингтон го дозволи без никакви предуслови спојувањето меѓу американската телекомуникациска компанија „AT&T“ и медиумската група „Time Warner“ во вредност од 85 милијарди долари, пренесе „Ројтерс“.

Со ова решение се одбива барањето на американското Министерство за правда да се блокира операцијата, одлуката која беше објавена во крајот на 2016-та година.

Судијата Ричард Лион процени дека за време на судењето американската влада не успеала да докаже дека ова спојување ќе биде штетно за конкурентите на двете компании. Адвокатот на „АТ&Т“, Дејвид Макати, рече дека спојувањето би можело да заврши до 20-ти јуни.

За време на процесот кој траеше речиси два месеци, „AT&T“ и „Time Warner“ уверуваа дека спојувањето им е потребно, за да можат да се борат против технолошки гиганти, како „Netflix“ и „Amazon“, кои произведуваат играни филмови, серии и документарни филмови, како и против компании како „Apple“, „Google“ и „Facebook“, кои исто така се повеќе вложуваат во производството на содржини.

„AT&T“ е најголемиот кабелски оператор во САД и втор по големина мобилен оператор. „Time Warner“ за возврат е голема медиумска група во која влегуваат платениот канал „HBO“, киностудијата „Warner“ и новинската телевизија „CNN“. Со договорот „AT&T“ има намера да стане независна од мобилниот бизнис, каде што помалите конкуренти, како „T-Mobile“ и „Sprint“ остваруваат силен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП