6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat ќе го спасува Fiat 500X со специјална верзија

Fiat ќе го спасува Fiat 500X со специјална верзија

„Fiat“ воведе нова верзија на својот „Fiat 500X“, која го доби името „Adventurer“. Нејзината цел е да ја зголеми продажбата на кросоверот првенствено на пазарот во САД.

Во основата на новата модификација е досегашното ниво на опрема „Trekking“ што за разлика од основната варијанта има различни браници со црни и сребрени елементи. Сеопфатна листа на опрема е достапна за автомобилот, вклучувајќи 17 и 18-инчни тркала.

Новата верзија вклучува контрастна боја за надворешните ретровизори, како и дополнителни ленти на каросеријата. Во кабината се поставени специјални патосници и амблеми на моделот, а под хаубата се наоѓа 2,4-литарски атмосферски мотор со 180 КС, кој работи во комбинација со 9-степен автоматски менувач.

Модификацијата „Fiat 500X Adventurer“ може да се нарача и со погон на предните тркала, како и придвижување на двете оски. Цените започнуваат од 23.685 долари.

Компанијата се надева дека ќе ја врати продажбата на моделот кон неговите стари нивоа. Во 2016-та година од „Fiat 500 X“ во САД беа продадени 12.600 единици, но една година подоцна резултатот е 7.665 примероци. За оваа година падот е 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП