28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнститутот DIW ја намали прогнозата за раст на германската економија

Институтот DIW ја намали прогнозата за раст на германската економија

Германскиот институт за економски истражувања „DIW“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија во оваа година за 0,5 процентни поени до 1,9 отсто поради неочекувано слабиот почеток на годината и се повеќето ризици од странство, пренесе „Ројтерс“.

Неизвесноста се јавува главно поради зголемената загриженост за некои европски земји, главно Италија, и можноста да се влоши трговскиот конфликт меѓу САД и остатокот од светот, посочува „DIW“.

Компаниите во светот ги ограничуваат инвестиции поради несигурните изгледи пред бизнисот, а тоа го одвраќа растот на германскиот извоз, додава Институтот.

„DIW“ ја намали прогнозата за растот на германската економија во 2019-та година за 0,2 процентни поени на 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП