20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо дворот на Клиниката за детски болести во Скопје отворено детско игралиште

Во дворот на Клиниката за детски болести во Скопје отворено детско игралиште

Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје од денеска е отворено детско игралиште. Тоа е изградено од американската невладината организација „Линк акрос“, во партнерство со софтверската компанија „Армедија“ и Клиниката за детски болести.

Во изградбата учествуваа вработени од „Армедија“, како и други волонтери. Игралиштето е изградено од природен и квалитетен материјал и ќе биде прекрасно место за разонода на дечињата и нивните семејства додека ја посетуваат болницата.

Ова игралиште е второто од ваков тип изградено во партнерство меѓу „Линк акрос“ и „Армедија“. Минатата година заедно реализираа сличен проект во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Со овој проект се продолжува долгогодишната успешна соработка помеѓу „Линк акрос“ и Клиниката за детски болести во Скопје како што во минатото беше проектот за отворање педијатриски ургентен центар во болницата, како и воведувањето нови методи на одделението за интензивна нега преку размена на искуство со американски доктори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП