Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Во Скопје се трча во сите годишни времиња – Денес започнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ

Време: 13:45

Датум: јуни 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

По огромниот успех на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон и рекордниот број на пријавени учесници за стартната цел, денес од Сојузот на спортови на Скопје го најавија следниот тркачки предизвик. Трката која минатата година ги забележа своите почетоци, годинава ја продолжува приказна низ скопските улици.

Денес, 13 јуни 2018, во 12.00 часот се отвори пријавувањето за овој спортски настан. За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите 2 дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, 10КМ трката и штафетната трка од 2х5КМ кои започнуваат од 09.00 часот, а истите ќе се одржат во недела, 07 октомври 2018 година, повторно на бул. Илинден.

Главен покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт на Република Македонија, а како покровител оваа година се приклучува и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб Работнички. Самите организатори ја започнаа оваа приказна минатата година и исто како и Виз Ер скопски маратон, работат кон тоа трката да стане традиционална со цел да се негува спортскиот начин на живеење преку целата година.

За повеќе информации околу приказната на Скопје трча 10КМ може да се посетат официјалната Фејсбук фан страна и веб страна на: http://www.skopje.run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и на www.smartrace.club. Побрзајте и одберете го вашето среќно бројче.

Организаторите годинава очекуваат голем број на пријавени учесници, па затоа ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават како учесници. Стартувајте ја есента со нова приказната исполнета со спортски дух.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Стапката на инфлација во ЕУ стабилна во септември

    Стапката на инфлација во ЕУ стабилна во септември

    Малопродажните цени во Европската унија пораснале за 2,2 проценти во септември, соопшти Европската агенција за статистика. Во своето соопштение, „Еуростат“ вели дека во споредба со…

  • Продажбата на автомобили во ЕУ пораснала за 2,5 проценти

    Продажбата на автомобили во ЕУ пораснала за 2,5 проценти

    Побарувачката на патнички автомобили во Европската Унија во периодот од јануари до септември пораснала за 2,5 проценти, соопшти Европската асоцијација на автомобилски производители (АЦЕА). Асоцијацијата…

  • Претпријатијата лани со поголем промет за 6,4 отсто

    Претпријатијата лани со поголем промет за 6,4 отсто

    Македонските деловни субјекти во текот на 2017 година оствариле за 6,4 проценти поголем промет и за 4,8 проценти зголемена додадена вредност во однос на претходната…

  • Полска потпиша договор за набавка на гас од САД во следните 20 години

    Полска потпиша договор за набавка на гас од САД во следните 20 години

    Полска потпиша договор со САД за испорака на течен природен гас во период од 20 години, пренесе руската новинска агенција ТАСС. Информацијата ја соопшти компанијата…

  • 50 македонски компании учествуваат на работилница на ФИТР за „Инвестициска подготовка“

    50 македонски компании учествуваат на работилница на ФИТР за „Инвестициска подготовка“

    Експерти и професори од САД и Европа со меѓународно искуство во областа на иновациите, претприемништво, развој на нови бизниси, маркетинг, продажба и пласирање на производи…

  • Царовска: Со воведување гарантиран минимален приход се бориме против сиромаштијата

    Царовска: Со воведување гарантиран минимален приход се бориме против сиромаштијата

    Вработувањето може да ги извади лицата од сиромаштијата и да им овозможи достоинствен живот и целосно да ги вклучи во општеството, истакна министерката за труд…

  • Повеќето Британци сега се против брегзит

    Повеќето Британци сега се против брегзит

    Доколку Велика Британија денеска одржи уште еден референдум за членство на земјата во ЕУ, веројатно нема да се донесе одлука за брегзит, покажа најновата анкета.…

  • Следната недела ново издание на Саемот на градежништво

    Следната недела ново издание на Саемот на градежништво

    Петнаесеттиот меѓународен Саем на градежништво, градежни метеријали, енергетика, водовод, алати и градежна механизација Саем на градежништво 2018 и 8. Саем на недвижнини и инвестиции –…

  • Просечниот Македонец должи 1.200 евра – намален бројот на блокирани сметки

    Просечниот Македонец должи 1.200 евра – намален бројот на блокирани сметки

    Просечниот Македонец има кредит од речиси 1.200 евра. Во исто време со растот на задолжувањето има пад на бројот на блокирани сметки. Ова покажува дека…

  • Кој е најбогат и кој е најсиромашен во ЕУ

    Кој е најбогат и кој е најсиромашен во ЕУ

    Бугарите, Романците, Грците и Хрватите се меѓу земјите кои имаат најголем ризик од сиромаштија во ЕУ. На врвот на листата на ризик се Бугарите, со…