24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКарл Севелд на чело на Raiffeisen Bank

Карл Севелд на чело на Raiffeisen Bank

raiff1

Надзорниот одбор на „Raiffeisen Bank“ (RBI) го именуваше за претседател Карл Севелд (63), откако ја прифати оставката на Херберт Степиц.

Карл Севелд, кој во извршниот одбор на „RBI“ беше надлежен за глобално работење со економијата, веднаш ќе стапи на новата должност, се наведува во соопштението на групацијата.

Надзорниот одбор на „RBI“ претходно ја прифати оставката на претседателот на компанијата Херберт Степиц (66), кој на 24 мај понуди оставка поради лични причини.

Се истакнува дека Карл Севелд носи со себе преку 35 години искуство во банкарството, вклучувајќи ги и 20-те и нешто повеќе години кои ги мина во компанијата „Creditanstalt“.

Новиот договор за Севелд истекува во 2017 година. Јохан Штробл е именуван за негов заменик претседател и неговиот договор, како и договорот на Мартин Грил, директорот за финансии, истекува во средината на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП