Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Нов агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk креиран со поддршка од УСАИД Македонија

Време: 13:37

Датум: јуни 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk и алатките кои ги нуди. Порталот е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Истиот беше претставен како првиот веб портал во земјата каде претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалез во своето воведно обраќање истакна: “Biznisregulativa е портал кој ќе им помогне на бизнисите да го усогласат своето работење и подобро да ја разберат сложената регулаторна рамка која досега честопати се покажала како причина за конфузии и отежнато носење на одлуки кои чинат време и пари. Среќни сме поради помошта што ќе им ја понудиме на компаниите преку овој агрегатен портал и можноста за неговиот иден развој со цел да и служи на бизнис заедницата во Македонија.

Директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски во своето воведно обраќање истакна: „Разбирањето на реалните проблеми кои ги имаат компаниите во процесот на усогласувањето на нивното работење со поставената законска рамка, претставува комплексен проблем и голем предизвик за сите чинители во процесот. Нашето досегашно искуство ни вели дека треба уште многу да се работи на ова поле, посебно во делот на идентификување на ставовите на малите компании по однос на определени законски решенија и прописи. Подобрување на врските помеѓу компаниите, коморите и државата претставува континуиран процес и предизвик. Овој портал е развиен од страната на четирите стопански комори и има за цел да ја подобри комуникацијата и протокот на информации помеѓу коморите и компаниите во државата. Ова ќе биде првиот веб портал во земјата каде компаниите ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат, самооценуваат но и воедно споделат своите проблеми.“

Во вториот дел на настанот посебен осврт беше даден на позициските документи кои се темелат врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија како и начинот на нивното подготвување  и доставување до надлежните институции од страна на стопанските комори партнери во Проектот, со цел да се влијае на промените на регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е спроведуван од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија и нивните интереси.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Раст на БДП од 3,2 отсто, па и поголем, интензивна градба на патната и железничката инфраструктура, гасоводот и на обновливи извори на енергија, како и…

  • Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ја намали прогнозата за економскиот раст во оваа и следната година, а во исто време упати сигнал дека третата по големина економија…

  • Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки…

  • Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија ја надмина Кина и стана петата земја според резервите на злато во светот, откако западните санкции ја стимулираа нејзината централна банка да купува рекордни…

  • ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    Европската централна банка ќе има тесен временски период за да ги зголеми каматните стапки пред економијата во еврозоната ослабе. Овој заклучок беше постигнат од страна…

  • Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела“, што се одржува во Берлин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на…

  • „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека на потврдата на рејтингот ББ…

  • Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Најавите за предвремени парламентарни избори, што би се одржале заедно со редовните претседателски избори, ги раздвижија не само политичарите, туку и бизнисмените. Веднаш по барањето…

  • Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите…

  • Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Времето денеска ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег кои…