23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИZara ќе ги користи новите технологии, натпреварувајќи се со Amazon

Zara ќе ги користи новите технологии, натпреварувајќи се со Amazon

Како сопственик на модната синџир „Zara“, шпанскиот концерн „Inditex“ се искористи до максимум, додавајќи нови технологии за да се подобри ефикасноста на онлајн и физичките операции. И тоа во момент во кој „Amazon.com“ не престанува да се насочува кон модата, коментира „Bloomberg“.

Профитот пред даноците и каматата се зголемил за 2% до 851 милиони евра во трите месеци до крајот на април, изјави шпанската компанија, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите. Растот во продажбата во локална валута се забрза на 9% во овој квартал.

„Inditex“ воведе голем број на нови технологии во некои продавници на „Zara“ во последните месеци, вклучувајќи холографски слики на облека и роботски раце, обидувајќи се да ги избрише разликите меѓу онлајн и физичките операции. Шведскиот конкурент „Hennes & Mauritz“ доживува тешкотии со заживувањето на растот, откако модните грешки и зголемување на конкуренцијата доведоа до рекордно ниво од инвентарот од над 4 милијарди долари.

Претходно оваа година „Inditex“ го ангажираше Серџио Алварез – основач на „CartoDB“, еден од најголемите технолошки стартапи во Шпанија – за да ги поддржи дигиталните операции на компанијата.

„Inditex“ која управува и со брендовите „Pull & Bear“ и „Oysho“, забележа раст од 41% од онлајн продажбата во минатата година. Стратегијата на компанијата да се потпре на низок инвентар и брз обрт е слично на многу компании за електронска трговија, отколку на повеќето традиционални трговци.

82-годишниот основач на „Inditex“, Амансио Ортега забележува опаѓање во пласманот во ранг-листата на „Bloomberg“ на најбогатите луѓе во светот. Откако беше рамо до рамо до Бил Гејтс и Ворен Бафет лани, сега тој е број 6, надминат од нови лица, како Џеф Безос и Марк Цукерберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП