1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако UBS доаѓала до клиенти?

Како UBS доаѓала до клиенти?

ubs1

Француските власти започнаа официјална истрага во врска со швајцарската банка „UBS“.

Имено, властите се сомневаат дека банката се обидела да ги убеди богатите французи да отворат непријавени сметки во Швајцарија.

Париз пред неколку дена веќе покренал истрага околу филијалите на „UBS“ во Франција, пренесува агенцијата Франс прес.

Истражителите се сомневаат дека „UBS“ им дозволувал на своите швајцарски службеници незаконски да им приоѓаат на граѓаните на Франција, и исто така, воспоставил таен раководен систем за да го прикрие движењето на капиталот помеѓу Франција и Швајцарија.

Поранешниот претседател на „UBS“ во Франција Патрик де Фаје, потоа екс претседателот на филијалата на „UBS“ во Лил и службеник на „UBS“ во Стразбур веќе се под истрага, која е покрената откако еден од поранешните вработени во банката прифатил да биде информатор.

Анонимната порака, во каја имал увид Франс прес, испратена е на банката на Франција, која така е известена за постојаните паралелни сметки во периодот од 2002 до 2007 година. Сметките се отворени во Швајцарија, но не се пријавени во Франција.

Француските власти побараа од швајцарските колеги детели за 353 луѓе за кои се сомневаат дека имале тајни сметки во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП