20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛимитирана серија - Alfa Romeo Giulia Sport Edition (фото)

Лимитирана серија – Alfa Romeo Giulia Sport Edition (фото)

„Alfa Romeo“ подготви посебна лимитирана серија на моделот „Giuliа“ наречена „Sport Edition“.

Надворешноста ја красат новиот преден и заден браник од „сестринската“ верзија „Veloce“.

Внатре се истакнуваат спортскиот волан обвиткан со кожа, алуминиумскиот менувач (осумстепениот автоматик е единствениот избор), како и детали на котролната табла, централната конзола и панелите на вратите.

Што се однсува до технологиите, тука е 6,5-инчниот дисплеј на мултимедијалниот систем кој е компатибилен со „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ со сателитската навигација „Alfa Connect Nav“.

Листата се затвора со прилагодливата клупа по принцип 40/20/40.

Нормално, посебна приказна се погонските единици. Посебната „Alfa Romeo Giulia Sport Edition“ пристигнува во две верии.

Еден турбобензинец 2,0-литарски со 200 KS и еден турбо дизел 2,2-литарски со 180 KS, а и двата се со погон само на задната осовина.

Цената на моделот е 47.000 eвра без оглед на изборот на мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП