Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Мониторинг: Фирмите чекаат по 6 месеци за да ги добијат парите за завршената работа

Време: 11:33

Датум: јуни 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година.

Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година се : ’најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.

Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци. 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена. Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки. Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон ДКЖЈН. Фирмите го оценуваат со 2,85 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) вкупниот процес на јавните набавки. Споредено со минатото истражување, забележано е влошување на искажаното задоволство на фирмите што учествуваат на тендерите за 0,28 поени и оценката е повторно под 3.

Мониторингот на јавните набавки утврдил еекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во 2017 година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година. Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година. Не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци од работењето (јули-ноември 2017 година). Специјално формираната комисија во Министерството за финансии не ги достави побараните податоци.

Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година. Уделот на тендери на коишто имало задоволително ниво на конкуренција (3 и повеќе учесници) во 2017 година е евидентиран кај само 48% од мониторираните тендери. Уделот на тендери со само една понуда е на најниско ниво во изминатите 4 години и изнесува 21%. Во 2017 година се склучени 496 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42% од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат само на две институции, Министерството за образование и наука и АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

Во 2017 година фирмите доставиле 507 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки (ДКЖЈН), што претставува намалување во однос на минатата година за околу 9%. Најголем дел од жалбите се доставуваат против донесените одлуки за избор на најповолна понуда (65%). Следната значајна основа за доставувањето жалби, со удел од 15%, се однесува на донесените одлуки на договорните органи за поништување на тендерите, додека, пак, 8% од жалбите се однесувале на тендерските документации.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Концесионерот на „Македонско село“ ќе ја плати гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци

    Концесионерот на „Македонско село“ ќе ја плати гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци

    На Концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43…

  • На продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

    На продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

    Следниот месец, биткони вредни 4,3 милиони американски долари ќе бидат на аукција од страна на американската Маршалска служба. Властите наведува во соопштението дека криптовалутата која…

  • Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

    Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

    Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.…

  • Почнуваат првите средби со земјоделците за консолидација на земјиштето

    Почнуваат првите средби со земјоделците за консолидација на земјиштето

    Утре почнуваат средбите со земјоделците во Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари кои треба да го консолидираат своето обработливо земјиште. Ќе се утврдува дали…

  • Николовски: Ќе се изберат нови 12 локации за окрупнување на земјоделското земјиште

    Николовски: Ќе се изберат нови 12 локации за окрупнување на земјоделското земјиште

    Европската Унија, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат заеднички на започнување на првиот циклус на посложени интегрирани проекти за консолидација на земјоделско…

  • Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

    Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

    Централната банка на Унгарија ги зголеми своите резерви на злато за 10 пати, објави „Bloomberg“. Ова се случува само еден месец откако Полска го купи…

  • Иновацијата еден од најважните двигатели на економскиот раст

    Иновацијата еден од најважните двигатели на економскиот раст

    Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот раст во современите економии. Заштитата, пак, на иновациите, односно правата од интелектуална соспственост е исто така услов…

  • Фондот за Западен Балкан одбележува една година постоење со повик за нови проекти

    Фондот за Западен Балкан одбележува една година постоење со повик за нови проекти

    Фондот за Западен Балкан, што првата инклузивна и регионална меѓудржавна организација на Западен Балкан, на 1 ноември ја одбележува својата прва годишнина од отворањето на…

  • Повеќето Европејци веруваат дека животот немаше да биде полош без ЕУ

    Повеќето Европејци веруваат дека животот немаше да биде полош без ЕУ

    Околу две третини од Европејците не се убедени дека животот би бил полош без Европската унија, покажува истражувањето, цитирано од онлајн изданието „Politico“. Анкетата што…

  • Британија, сепак, ја чека подолг транзициски период

    Британија, сепак, ја чека подолг транзициски период

    Извори на британската Влада велат дека ќе има продолжување на транзицискиот период за брегзит за неколку месеци, доколку е потребно. Овој потег, како што велат,…