7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota инвестира 1 милијарда долари во компанијата за превоз на патници Grab

Toyota инвестира 1 милијарда долари во компанијата за превоз на патници Grab

Јапонскиот производител на автомобили – „Toyota Motor“ инвестира 1 милијарда долари во „Grab“, најголемата компанија за патнички превоз, организиран преку мобилна апликација, во Југоисточна Азија.

„Toyota“ соопшти дека постигнала договор со „Grab“ за зајакнување на постојното партнерство за проширување на мобилните услуги во регионот.

Претставник на „Toyota“ ќе биде доделен во советот на „Grab“, а друг службеник на „Toyota“ ќе биде извршен директор во „Grab“, прецизира компанијата.

„Grab“, која е слична на „Uber“ во САД, присутна е во осум земји во регионот, вклучително и во Малезија, Сингапур, Тајланд и Индонезија.

Активноста на „Uber“ во Југоисточна Азија беше купена од „Grab“ претходно во оваа година. „Uber“ задржи удел од 27,5 проценти во новата компанија по спојувањето.

„Toyota“ првично беше претпазлива кон технологијата на т.н. споделено патување и беспилотно возење.

Во последните години производителот на седанот „Camry“, хибридниот „Prius“ и луксузните модели „Lexus“ настапува активно, така што потпишува партнерства во целиот свет.

„Grab“, која е со седиште во Сингапур, неодамна привлече инвестиции од јапонската технолошка и телекомуникациска компанија „SoftBank Group Corp.“ и кинескиот конкурент „Didi Chuxing“.

„Uber“ се обидува да расте во Јапонија, но овој тип услуга се соочи со отпор на највлијателните такси компании, особено во урбаните средини, како Токио. „Toyota“ обезбедува голем дел од автомобилите кои се користат од такси компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП