1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Производството опаѓа 20 месеци по ред

Шпанија: Производството опаѓа 20 месеци по ред

sh1

Производството во шпанските фабрики опаѓа дваесет месеци по ред, покажаа официјалните податоци во Мадрид.

Најголемиот пад е забележан во областа на трајните добра, како што се автомобилите и машините за перење алишта.

Фабриките во Шпанија, кога ќе се земат во предвид сезонските фактори, во април го намалиле производството за 1,8 проценти на годишно ниво, се наведува во прелиминарниот извештај на Заводот за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Индустриското производство во Шпанија бележи пад од септември 2011 година, а економијата на земјата се бори со долготрајната рецесија и сеуште не успева да закрепне од избликот на пазарот на недвижнини од 2008 година.

Невработеноста во првиот квартал надмина 27 проценти, а владата во Мадрид за оваа година предвидува пад на бруто домашниот производ од 1,3 проценти, во време кога ја спроведува програмата за буџетско штедење.

Во време на кризата луѓето малку трошат, а официјалните податоци покажуваат дека малопродажбата во април е намалена за 2,6 проценти 34-ти месец по ред. Поради падот на побарувачката, производителите го намалуваат обемот на производство. Најновиот извештај покажува  дека вкупното производство на потрошувачката стока е зголемено за 0,9 проценти, додека, од друга страна, производството на трајните производи е намалено за 12,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП