28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во САД достигна високо ниво од пред 6 години

Инфлацијата во САД достигна високо ниво од пред 6 години

Инфлацијата во САД се забрза до 2,8% на годишна основа во мај во однос на објавените 2,5% во април, надминувајќи ги пазарните очекувања за 2,7%, објави „tradingeconomics.com“. Ова е највисоко ниво на инфлација од февруари 2012-та година. Трошоците за бензин и закуп се основа за зголемување на цените и во текот на овој месец и во претходниот месец.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,2%, со што го задржаа темпото на раст во април и целосно се совпаднаа со консензуалната прогноза.

Индексот, кој ја мери инфлацијата без храна и енергија, порасна за 2,2% во 12-те месеци кои завршија во мај. Индексот на храна порасна за 1,2%, а индексот на енергија за 11,7%.

Индикаторот за мерење на цените на бензинот на годишна основа се зголеми за 1,7%, придонесувајќи за 0,9% раст на цените на енергијата. Индексот на трошоци за здравствена заштита се зголеми за 0,2%, а цените на храната останаа непроменети. Трошоците за изнајмување дом, што претставува околу една третина од американскиот индекс на трошоците за живот, се зголеми за 0,3% на месечна основа.

Последните податоци за економијата на САД ги засилуваат изгледите за зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД во оваа недела, а ако тоа се случи, ќе станеме сведоци на шестото зголемување на каматите за последните 18 месеци, пишува „Bloomberg“.

„Податоците претставуваат дополнителни докази дека инфлацијата се движи кон целта на ФЕД, како и дека централната банка ќе продолжи со постепеното зголемување на каматите“, коментира Кевин Куминс, економист во „NatWest Markets“.

Во меѓувреме сепак стана јасно дека повисоките цени вршат притисок врз корисниците, бидејќи средната плата на час, приспособена спрема инфлацијата, не се менува во мај во однос на истиот месец од минатата година. За работниците во производствениот сектор, платите се намалија за 0,1% на годишна основа.

Невработеноста во САД во мај се намали на 3,8 отсто, достигнувајќи најниско ниво за 48 години, што е близу до целта за вработување на централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП