Египет ја зголеми цената на електричната енергија во просек за 26 отсто како дел од мерките за штедење кои имаат за цел да ја обноват економијата на земјата.
Министерот за електрична енергија Мохамед Шакер во вторникот изјави дека трошоците за електрична енергија за фабриките ќе се зголемат за 41,8 отсто, а за домаќинствата 20,9 отсто. Тој вели дека новите тарифи ќе стапат на сила во јули.
Египет претходно овој месец ја зголеми цената на водата за пиење до 45 проценти.
Зголемувањата доаѓаат во време кога Египет пробува да имплементира програма за економски реформи во која се вклучени намалување на субвенциите, наметнување на данокот на додадена вредност и флотација на валута. Мерките чија цел е земјата да се квалификува за тригодишен заем од 12 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд, кој Египет го обезбеди во 2016 година.
Промените најмногу ги погодија сиромашните и Египќаните од средната класа.