4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК...

ЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

АД ЕЛЕМ соопшти дека ќе ја исклучи термоелектраната Осломеј и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола.

„И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места“ информира ЕЛЕМ.

Од компанијата додаваат дека Блок 2 во РЕК Битола е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП