4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche им се посветува на хибридите

Porsche им се посветува на хибридите

porske

„Porsche“ неодамна го претстави моделот „Panamera S E-Hybrid“, a сега пристигнуваат нови детали за следната генерација хибридни системи на оваа компанија.

Според информациите се наведува дека „Porsche“ развива нов хибриден модул кој ги сместува електричниот мотор и спојката во единствено куќиште кое би можело да се вметне во идните модели, па дури и во 911. Системот би користел напреден и моќен електромотор кој би имал воздушно и водено ладење, а се очекува батерија со поголем капацитет, како и електрика која ќе се потпира на алуминиум наместо на бакарни жици.

Исто така би требало да биде поддржано со индукционално полнење, што значи дека нема да има потреба да се бараат „штекери“.

„Porsche“ најверојатно работи и на напреден систем за контрола на моторот кој користи „GPS“ и други податоци кои автоматски би ги менувал режимите на работа и би го прилагодувале возилото со условите на патот и со ситуациите во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП