4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствениот пазар на енергија во Европа - уште еден чекор напред

Единствениот пазар на енергија во Европа – уште еден чекор напред

Визијата на Европската унија за единствен енергетски пазар се движи со уште еден чекор напред со лансирањето на заеднички пазар за електрична енергија испорачана во истиот ден, соопштува „Bloomberg“.

Проектот, кој бара тесна соработка помеѓу конкурентните размена и мрежни оператори, ќе ги поврзе 14-те национални пазари од Латвија до Германија и Португалија. Повеќето други европски земји треба да се приклучат следното лето. Пазарите ќе бидат третирани како една зона во која енергијата ќе биде купувана и продавана меѓу трејдери на ист начин на кој се случува во рамките на една земја – под услов да е достапен потребниот меѓународен пренос на капацитет.

Поврзувањето на интрадневните пазари е следниот чекор пред да ги поврзе со тргувањето во текот на денот пред мај 2015-та година, со цел да се подобри начинот на кој се управува со мрежите. Ова значи дека енергијата на ветерната турбина што ветува низ ветровит ден во северна Германија може да се купи од болница во Франција.

„Ова може да донесе само бенефиции за клиентите и за енергетските берзи на Европа“, коментира Ханс Ренди, директор за поврзување на пазарите на платформа за тргување „Nord Pool“ во Осло. „Ние вложивме многу време, пари и ресурси за заживување на целиот наш трговски систем во рок од еден ден“.

Работата на единствениот европски пазар започна уште во 2007-ма година, кога група од 29 енергетски министри, регулатори, берзи и мрежни оператори од Германија, Франција, Белгија и Холандија се договорија за прв пат да го подобрат движењето на струјата меѓу нивните земји.

Земјите кои ќе учествуваат во проектот за трговија во текот на денот, се Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Латвија, Литванија, Норвешка, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП