1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимално забрза темпото на вработување во САД

Минимално забрза темпото на вработување во САД

ame1

Американските работодавци во мај отвориле повеќе работни места од претходниот месец, а стапката на невработеност е зголемена, покажа официјалниот извештај на американското Министерство за трговија.

Во минатиот месец во САД биле отворени вкупно 175.000 нови работни места. Со тоа, темпото на вработување е малку забрзано во однос на април, кога беа отворени вкупно 149.000 нови работни места.

Американското министерство за трговија воедно ги ревидираше и податоците за март и април, според кои, во тие два месеци вкупниот број на отворени работни места е за 12.000 помал од првичните податоци.

Стапката на невработеност во мај е зголемена на 7,6 проценти, од 7,5 проценти кои беа забележани во април.

Во приватниот сектор се отворени 178.000 нови работни места, додека во јавниот сектор се затворени 3.000. Најмногу лица се вработиле во секторот за малопродажба, професионални и деловни услуги и угостителството, се наведува во извештајот.

Во мај, без работа биле 11,8 милиони Американци, со што нивниот број незначително е променет во однос на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП