2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар започнува со комплетната реконструкција на улицата Капиштец на Водно

Општина Центар започнува со комплетната реконструкција на улицата Капиштец на Водно

Улицата Капиштец на Водно ќе добие лик каков што заслужуваат граѓаните, информираа денеска општинските власти и истакнаа дека реконструкцијата ќе значи безбедност на учесниците во сообраќајот.

Според информациите што ги соопшти градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на улицата Капиштец ќе се изгради нова атмосферска канализација во должина од 260 метри, на која ќе се приклучат 8 сливници.

Ќе се постави и асфалт со дебелина од 4 сантиметри, нови рабници во должина од 320 метри, со кои ќе се оформат нови тротоари изработени од бетонски префабрикувани елементи со површина од 360 квадратни метри.

Богдановиќ најави и реконструкција и изградба на инфраструктура на локалитетот Долно Водно, со кој, освен улицата Капиштец, се опфатени и улиците Ганчо Хаџи Панзов, Димитар Пандилов и Караорман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП