18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе доставува свежа храна во Франција

Google ќе доставува свежа храна во Франција

Американската технолошка компанија „Google“, дел од „Alphabet Inc.“, склучи договор со францускиот трговец на мало „Carrefour SA“ за онлајн продажба на намирници во Франција. Според француската компанија, за прв пат свежа храна ќе биде ставена на пазарот преку платформите на интернет-гигантот, објави „Bloomberg“.

До почетокот на 2019-та година француските купувачи ќе можат да се купат производите на „Carrefour“ преку платформи на „Google“, вклучувајќи ги „Google Home“, „Google Assistant“ и платформата за шопинг на „Google“ во Франција, изјави трговецот на мало во соопштението. „Carrefour“ не коментира за финансиската структура на договорот.

Конкуренцијата во француската трговија на мало е во подем, бидејќи трговците на мало се борат да ги зголемат своите дигитални понуди. „Casino Guichard Perrachon SA“ објави во март зделка за продажба на производи од продавниците „Monoprix“ (најголемиот француски синџир) преку услугата „Prime“ на „Amazon.com Inc.“ во областа на Париз. Една година претходно, „Casino“ направи сличен договор со британскиот онлајн продавач на храна „Ocado Group Plc.“.

Откако минатото лето ја презеде функцијата на извршен директор на „Carrefour“, Александар Бомпар најави дека ќе ја направи компанијата лидер во областа на електронската трговија и ќе ја намали нејзината зависноста од големите приградски продавници во Франција.

„Овој договор е трансформирачки за „Carrefour“ во нејзиниот обид да стане лидер на трговија со намирници“, вели Мари Шафал, раководител на единицата за дигитална трансформација на компанијата. „Храна за прв пат ќе се продава преку интерфејси на „Google“ во Франција, а за прв пат во светот, станува збор за свежа храна“.

„Carrefour“ планира да ги користи алатките на „Google“, како „Gmail“ за повеќе од 160.000 вработени, соопшти компанијата. Технолошката компанија сака да обезбеди дигитална обука за повеќе од 1.000 вработени во текот на следните шест месеци за да се подготват за трансформацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП