18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Облаците околу глобалната економија стануваат потемни

Лагард: Облаците околу глобалната економија стануваат потемни

Зголемувањето на трговскиот притисок е растечка закана за глобалната економија. За тоа предупреди директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, за време на конференција во Берлин.

„Облаците на хоризонтот … стануваат потемни со секој изминат ден“, рече таа, цитирана од „CNN Money“.

Според неа „најголемиот и најмрачен облак кој го гледаме е влошувањето на довербата што е предизвикана од обидите за предизвикување на начинот на кој ќе се врши трговија на кој се водат односите и на кој мултинационалните организации работат“.

Нејзиниот коментар доаѓа по бурниот крај на средбата на „Г-7“ во Канада, на која американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон сојузниците на САД и најмногу кон канадскиот премиер Џастин Трудо во врска со трговијата.

Тензиите беа високи уште пред средбата, откако САД воведе царина за увозот на челик и алуминиум од клучните свои партнери, како Европската унија, Канада и Мексико, кои одговорија со контрамерки.

Вашингтон исто така е во напнати односи со Пекинг. До крајот на оваа недела се очекува администрацијата на Трамп да објави листа на кинески стоки во вредност од 50 милијарди долари, на кои ќе бидат наметнати давачки.

Одлуката на Вашингтон роди сомневања за резултатот од трговските преговори со Кина, која претходно се закани дека ќе одговори со санкции со сличен обем на стоки, вклучувајќи автомобили, авиони и соја.

Говорејќи заедно со Лагард, генералниот директор на Светската трговска организација Роберто Азеведо изјави дека зголемената тензија во светската трговија „ризикува голем економски удар, поткопувајќи го посилниот, одржлив период на трговски раст од финансиската криза“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП