19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Ким потпишаа документ што ќе донесе нови промени во светот...

Трамп и Ким потпишаа документ што ќе донесе нови промени во светот (видео)

Се случи и историското ракување за кое целиот свет беше во исчекување. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп си подадоа рака еден на друг и потпишаа заеднички документ. По потпишувањето, Трамп изјави дека со Ким имаат специјална врска.

„Ми беше чест да бидам со тебе“, му рече Трамп на Ким.

Трамп порача дека бргу ќе почне процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и дека состанокот поминал подобро од очекуваното.

Ким му се заблагодари на Трамп за одржувањето на средбата, која е прва средба на американски претседател со севернокорејски лидер.

„Имавме историски состанок и одлучивме минатото да го оставиме зад нас и да потпишеме историски документ“, порача Ким и најави дека светот ќе види големи промени.

Американски високи претставници соопштија дека се работи за договор со кој се потврдува напредокот во разговорите и ветување да се продолжи со исто темпо понатаму.

На прашањето дали Трамп ќе го покани Ким во Белата куќа, Трамп рекол дека апсолутно ќе го направи тоа.

Што стои во декларацијата што ја потпишаа Трамп и Ким?

По историскaта средба во Сингапур, американскиот претседател и севернокорејскиот лидер потпишаа декларација. Иако Трамп и Ким веднаш не ја објавија содржината на потпишаната декларација, таа подоцна била споделена со присутните новинари.

Како што пренесуваат светските медиуми, во декларацијата се наведуваат черири клучни точки.

1. САД и Северна Кореја се посветени на воспоставување нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет.

2. САД и Северна Кореја ќе работат заедно за да изградат траен и стабилен мир на Корејскиот Полуостров.

3. Во согласност со декларацијата од Панмунџом, потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува да работи за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

4. Соединетите Држави и Северна Кореја се обврзуваат на враќање на воените затвореници и оние што исчезнале во борбите, што вклучува и враќање на оние што веќе се идентификувани во своите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП