20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКои се 13-те најдобри авиокомпании во светот? (фото)

Кои се 13-те најдобри авиокомпании во светот? (фото)

AirHelp“ – компанија за надомест при одложени или нереализирани летови – спроведе рангирање за најдобрите авиокомпании во светот. Некои од резултатите се изненадувачки.

Шестиот годишен рејтинг на „AirHelp“ ги проценува авиокомпаниите, така што се базира на квалитетот на услугата, навременото извршување на летовите и обработка на барањата на клиентите. Овие три критериуми го сочинуваат конечниот резултат, според „Business Insider“.

Највисоко оценетите авиокомпании докажуваат дека услугата на клиентите е клучот и не треба да давате луксузна услуга, за да може корисниците да го почувствуваат добриот однос кон нив.

Погледнете ги 13-те најдобри авиокомпании во светот, рангирани според растечкиот редослед според вкупниот резултат по трите критериуми од листата на „AirHelp“.

13. Wizz Air – 7,95

Нискотарифната унгарската авиокомпанија е сметана за сигурна што се однесува до пристигнувањето на летовите навреме (88%). Но „Wizz Air“ се на ова место во рангирањето најмногу поради оценката за услуги кон клиентите – 6 од 10.

12. Norwegian – 8.0

Со оценка 8 за добра услуга и 8.61 за обработка на побарувањата, авиокомпанијата која се гордее со најдолгиот нискотарифнен лет – од Лондон до Сингапур – се пласираше на 12-та позиција.

11. KLM – 8.01

Кралската холандска авиокомпанија има добра оценка за временската прецизност – 85%, 7,54 за обработка на побарувањата и 8 за услугата.

10. Virgin Atlantic – 8.04

Virgin Atlantic е 10-та со 8 за услугите, 7,95 за обработка на барања и 82% за точност.

9. Air Malta – 8.09

Оваа помалку позната авиокомпанија е исклучително ефикасна при обработката на побарувањата со резултат од 9.13 и прилично сигурна што се однесува до точност – 86%, но за услугите на клиентите добива едвај 7.

8. Qantas – 8.12

Можете да очекувате прецизен лет на „Qantas“ – кои сега летаат без прекин од Перт, Австралија до Лондон – со рејтинг 89% за точност, како и 8 за услуга.

7. Aegean Airlines – 8.19

Оваа грчка авиокомпанија е 90% точна, како и изненадувачки добра во услугата на клиентите со 8 поени.

6. Austrian Airlines – 8.25

Друг импресивен резултат за справување со побарувањата беше од австриската авиокомпанија, која исто така постигна 8 поени за квалитет на услугата.

5. South African Airways – 8.31

Резултатот од обработката на побарувачката е 8.69, 8 за услуги на клиентите и 85% за временската точност, што ја рангира авиокомпанијата од Јужна Африка на петтото место.

4. Singapore Airlines – 8.33

Компанијата го нуди најдолгиот лет во светот – 19 часа од Сингапур до Њујорк. „Singapore Airlines“ добиваа максималната оценка 10 за квалитетот на услугата и можат да се пофалат со 85% точност на летовите. Но, понискиот резултат при побарувањата од клиентите – 6,77 – ги става четврти во оваа година.

3. Etihad Airways – 8.43

„Etihad“ на ОАЕ се рангираат меѓу најдобрите авиокомпании во светот со 9 поени за услуги, 86% за точност и 7,47 за реализирање на побарувањата.

2. Lufthansa – 8.57

Германската авиокомпанија се пласираше на второто место благодарение на резултатот од 10 за услугата и 8.63 за обработка на побарувањата, а кај нив точноста е единствениот послаб индикатор – 76%.

1. Qatar Airways – 9.07

Најдобрата авиокомпанија во светот според рангирањето на „AirHelp“ е „Qatar Airways“ со оценка 10 за квалитет на услугата, 8,86 поени за реализација на побарувањата и 89% точност при летовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП