2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ЈСП турс“ ќе организира 12 еднодневни тури до поголемите манастири

„ЈСП турс“ ќе организира 12 еднодневни тури до поголемите манастири

„ЈСП турс“ започна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и афирмирање на манастирскиот туризам во државава. Секоја недела, до крајот на летово, „ЈСП турс“ ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири во државава. Турите ќе се реализираат со водич, со високотуристички автобус.

Постои и можност за ноќевање во манастирските конаци. Цената на билетите за еднодневните тури е различна, а може да се купи и блок-билет за сите 12 излети, кој изнесува 3.000 денари. Со овој билет се добива и џебен водич за манастирите со сите побитни информации за манастирскиот локалитет. Заинтересираните за пријавување и подетаљни информации може да се јават на 3060-350 или 3091-522.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП