7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi оствари загуба од 1 милијарда долари за првиот квартал

Xiaomi оствари загуба од 1 милијарда долари за првиот квартал

Кинескиот производител на смартфони „Xiaomi“ објави нето загуба од 7 милијарди јуани (1.09 милијарди долари) за првиот квартал. Веста доаѓа во пресрет на иницијалната јавна понуда на компанијата, објави „Ројтерс“.

За споредба, „Xiaomi“ генерираше загуба од 43,89 милијарди јуани за целата 2017-та година, според нацртот на нивниот проспект.

Како се исклучат еднократните ставки, „Xiaomi“ има генерирана нето добивка од 1,04 милијарди јуани за првиот квартал, наспроти 3,9 милијарди јуани за целата 2017-та година.

Продажбата на смартфони на компанијата скокнаа со 88 отсто благодарение на силниот раст во странство, со што помогна приходите на „Xiaomi“ да нараснат до 34 милијарди јуани (5,3 милијарди долари) за периодот. Минатата година достигна 114.6 милијарди јуани.

Од „Xiaomi“ не открија точно каква цел имаа за „ИПО“-то, ниту бројот на акции кои ќе понудени.

Очекувањата се компанијата да собере околу 10 милијарди долари од „ИПО“-то во Хонг Конг, кое има потенцијал да е најголемото во светот по речиси четири години, тврдат извори.

До 30% од акциите се очекува да бидат продадени како кинески депозитарни сметки во копнена Кина, додаваат извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП