6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Уделот на нелиценциран софтвер кој се користи во целиот...

График на денот: Уделот на нелиценциран софтвер кој се користи во целиот свет

Нелиценцираниот бизнис софтвер кој се инсталира на компјутерите, е силно распространет на глобално ниво, коментира „Statista“.

Според податоци на „Business Software Alliance“ (BSA) со седиште во Вашингтон, иако има пад од два поени на нивоата на инсталиран нелиценциран софтвер во последните две години, тој продолжува да се користи многу во целиот свет и претставува околу 37% од инсталираниот софтвер.

Иако генерално трговската вредност на нелиценциран софтвер опаѓа, во повеќето земји во истражувањето нивоата на таков вид софтвер се уште се од најмалку 50%.

Лидер во оваа смисла е Кина, каде 70% од софтверот инсталиран на компјутерите, бил нелиценциран во 2017-та година.

Веднаш за Кина е Русија со 64%, а Грција е трета со 63%.

Во САД овој удел е 15%, што е еквивалентно на комерцијален софтвер во вредност од околу 8,6 милијарди долари во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП