6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМундијалот во Русија може да ја зголеми цената на биткоинот?

Мундијалот во Русија може да ја зголеми цената на биткоинот?

Светското првенство, кое ќе се одржи во Русија, започнува оваа недела со натпревар помеѓу домаќинот и Саудиска Арабија.

Чудно или не, спортскиот форум може да покаже позитивно влијание врз цената на најпопуларната и најскапата криптовалута – биткоинот, пишува „Forbes“.

Плаќањето преку дигиталните канали во Русија предизвика голем број проблеми во последниве години, откако платежните гиганти „Visa“ и „MasterCard“ ги блокираа кредитните картички издадени на некои руски корисници, како резултат на санкциите кои ги наметна САД на земјата во 2014-та година.

И покрај санкциите, платежните компании продолжуваат успешно да го развиваат бизнисот во Русија, па до денес обработуваат околу 90% од трансакциите во земјата, но ситуацијата со дигиталните плаќања се уште е алармантна.

Минатата година беше блокиран пристапот на „Visa“ и „Mastercard“ до „Fintech“ – рускиот центар за нови технологии, бидејќи Кремљ работи на својот локален платен систем наречена „Mir“.

Логично, некои фанови на фудбалската игра се насочија кон криптовалутите за да го платат патот и престојот во Русија за Светското првенство (патем, за време на Светското првенство во фудбал во Бразил во 2014-та година обложување на натпревари со биткоин беше дозволено).

Во мај оваа година, некои хотели во рускиот град Калининград, кои ќе бидат домаќини на натпреварите од Мундијалот, примаат исплати со биткоинот. Тоа не е сè – излегува дека голем број авиокомпании, туристички агенции, барови и ресторани, исто така, ќе прифатат криптовалути како платежно средство.

Користењето на биткоинот малку се намалило на сметка на другите виртуелни валути, бидејќи цената на тргување скокнала на крајот од минатата година.

Максималната вредност на цената во декември 2017-та година, биткоинот забележа просечно 400.000 трансакции дневно, а сега е околу 200.000 трансакции дневно.

Торстен Коепл, професор по економија на „Queen’s University“ во Канада, коментира дека вредноста на биткоинот делумно се движи од неговиот потенцијал како платежен инструмент и пред таксите да се зголемуваат, заедно со цената, многу луѓе го користеле биткоинот за прекугранични трансакции.

„Тој е многу поскап сега, но цената се уште е поддржана“, вели тој.

Кога биткоинот се користи подолго за трансфер на вредноста, побарувачката отскокнува, што доведува до зголемување на неговата цена, заедно со останатите виртуелни валути кои се користат за плаќање.

Биткоинот се движи околу 7.000 долари во оваа година, откако достигна речиси 20.000 долари на крајот од минатата година. Во последно време криптопазарот се наоѓа на црвена територија што провоцира стравови кај аналитичарите дека надолната тенденција ќе продолжи.

Според некои аналитичари, цената на биткоинот се движи во циклуси што голем број инвеститори ги принудува да демнат за следниот таков, кој ќе ја „истрела“ цената во „небесата“. Може ли Светското првенство да биде таков катализатор?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП