6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп од Сингапур повторно ги нападна Европа и канадскиот премиер Трудо

Трамп од Сингапур повторно ги нападна Европа и канадскиот премиер Трудо

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно ги нападна западните сојузници во серија твитови кој ги напиша од Сингапур, каде што се подготвува за историската средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

„Фер трговијата треба да се нарече трговија за будали доколку не е реципрочна“, објави американскиот претседател на Твитер.

„Според соопштението од Канада, на трговијата со САД заработуваат речиси 100 милијарди долари (веројатно се фалеја и се фатени на дело). Минимум е 17 милијарди долари. Им плаќаме царини за млечни производи по стапка од 270 отсто. Кога јавно се зборува за тоа, Џастин (Трудо) глуми навреден“, напиша Трамп, иако светските медиуми наведуваат дека не е јасно на кое соопштение од Канада се повикува американскиот претседател.

Според податоците од канцеларијата на претставникот за трговија на САД, земјата минатата година забележала суфицит во размената на стоки и услуги со Канада од 8,4 милијарди долари.

Трамп ја нападна и Европа, со тоа што на Твитер нашипа дека „САД го носат речиси целиот трошок за НАТО заштитата на истите овие земји, кои нас потоа сакаат да не одерат кога е трговијата во прашање… Европската унија имаше вишок од 151 милијарди долари – треба да плаќаат многу повеќе за војската“.

Војната на зборови меѓу САД и нивните традиционални сојузници изби во саботата, кога американскиот претседател на Твитер го нападна канадскиот премиер, Џастин Трудо, инаку домаќин на средбата на Г7 и ја повлече американската поддршка на заедничката изјава на лидерите, откако Трудо објави контрамерки на американските царини за алуминиум и челик.

Помошниците на Трамп во неделата продолжија со нападите. Така, економскиот советник, Лари Кудлоу, го обвини премиерот на Канада дека им забил нож во грб на САД, а трговскиот советник, Питер Наваро, алудирајќи на Трудо, рече дека во пеколот постои посебно место за странски лидери кои се бават со лажна дипломатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП