26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Јавна соба хуманитарен настан посветен на лицата со аутизам

Во Јавна соба хуманитарен настан посветен на лицата со аутизам

Во организација на НВО „Аутизам ААМК“, во просториите на Јавна соба, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи хуманитарен настан „Да растеме заедно“.

Како што истакнуваат организаторите, целта е да се помогне во едукацијата, инклузивноста и различноста на лицата со аутизам во рамките на поширокото општество.

„Лицата со аутизам имаат свои потреби, желби, емоции и таленти и општеството има обврска да го почитува и поттикнува нивниот развој подеднакво како и за секој поединец. Хуманитарниот настан ‘Да растеме заедно’ има за цел да сузбие секој вид дискриминација во општеството, вклучително и на лицата со аутизам. Основна цивилизациска придобивка на секое општество е секој поединец да биде почитуван и рамноправно вклучен во општествените, социјалните и едукативни процеси“, стои во најавата за настанот, во чии рамки ќе се одржат аукција и лотарија.

Во аукцијата со свои дела учевство зеле околу 15-тина уметници од Македонија, Велика Британија и Холандија, а лотаријата ќе изобилува со разновидни награди за кои се погрижиле околу 30-тина индивидуалци и организацци.

Организаторите наведуваат дека собраните средства од настанот ќе бидат наменети за помош на семејствата со лица со аутизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП