6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВозачите во Црна Гора и БиХ протестираа поради високите цени за гориво

Возачите во Црна Гора и БиХ протестираа поради високите цени за гориво

Во одделни градови на Црна Црна Гора и Босна и Херцеговина, возачите вчера во знак на протест поради високата цена на горивата во 17 часот ги запреа своите возила на најпрометните крстосници.

Возачите во Сараево, Бања лука, Тузла, Зеница, Високо и Приједор, на кратко го блокираа сообраќајот во 17 часот, објави порталот „Кликс“, додавајќи дека сообраќајот бил блокиран и на магистралниот пат М17, на излезот од Сараево и на Мостарската крстосница.

Тие порачале дека едночасовната блокада на сообраќајот е прв начин на изразување незадоволство поради зголемените цени на горивата.

Блокиран сообраќајот беше и во црногорските градови Никшиќ, Рожај и Рибаревина.

Возачите се организирале преку социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП