7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: По дефиниција, Русија не може да има сопствена криптовалута

Путин: По дефиниција, Русија не може да има сопствена криптовалута

Ова прашање беше меѓу многуте што ги одговори претседателот на Русија Владимир Путин за време на директната линија.

Во таа прилика, на блогерите им беше дадена можност да постават прашање на претседателот за криптовалутите.

“По дефиниција, Русија не може да има сопствена криптовалута, како и секоја друга земја. Тоа е нешто што ги надминува границите со самото тоа што не може да се регулира од државата”, објасни Путин.

Тој потсети на ставот на Централната банка дека криптовалутата со ништо не е загарантирана и не може да биде средство за плаќање. Сепак, властите треба да размислат како да ја користат оваа алатка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП