
Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека претпладне, кон југ ќе има почести сончеви периоди. Попладне, особено во планинските региони на исток и на запад, но и на север, ќе има повремени врнежи од дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 степени Целзиусови.

