5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler влегува во конкуренција на EV шлепери (фото+видео)

Daimler влегува во конкуренција на EV шлепери (фото+видео)

Германскиот гигант „Daimler“, сопственик на „Mercedes“ меѓу другите, го претстави својот прв електричен шлепер.

„Daimler“ под својот водечки американски бренд на камиони – „Freightliner“ откри два целосно електрични модели – „eM2“ и „eCascadia“.

Тие се придружија на „Mercedes eActros“, „FUSO eCanter“, „Mercedes Citaro EV“ градскиот автобус и „Thomas Built Saf-T Liner C2 Jouley“ училишниот автобус со што „Daimler“ во целост ја покри својата гама на електрични комерцијални возила.

Во текот на оваа година „Daimler Trucks“ ќе испорача флота од околу 30 „EV“ камиони прво на купувачите во САД.

„Ние сме неспорен лидер во камионската индустрија и имаме намера да ја задржиме таа позиција и во сегментот на електрични камиони и автобуси. Сакаме да поставиме стандарди и во овој сегмент. Можеме да понудиме најдобри батерии, полначи, контрола на енергијата“, вели членот на Управниот одбро на „Daimler“, Мартин Даум.

„Freightliner eCascadia“ е базиран, логично, на моделот „Cascadia“, најуспешниот шлепер за долги дестинации во Северна Америка.

Целосно електричниот модел има батерија од 550 kWh која овозможува домет од 400 km, a до капацитет од 80% се полни за 90 минути, што овозможува дополнителни 320 km.

Електричната погонска единица има 730 KS, што во споредба со главниот конкурент „Tesla Semi“ е послаба верзија, како и дометот кај „Teslа“, според тврдењето на Маск е околу 800 km.

Во меѓувреме, „eM2“ е камион од средна големина за локална употреба и пократки дестинации. Има батерија од 325 kWh со 480 KS и домет од 370 km.

Батеријата до капацитет од 80% може да се наполни за еден час, а тоа му овозможува на „eM2“ да мине уште 300 km.

„Сакаме со нашите камиони и автобуси да ги направме нашите купувачи уште поуспешни. Ова се однесува и на традиционалните и на моделите на електричен погон. Ги дизајниравме „eCascadia“ и „eM2“ во САД по посебните потреби на нашите купувачи“, вели директорот на „Daimler Trucks“, Франк Рајнтјес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП