6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZTE се извини и се подготвува да ги врати своите операции

ZTE се извини и се подготвува да ги врати своите операции

Претседателот на „ZTE“ се извини на вработените и клиентите, откако кинеската технолошка компанија се согласи да плати 1 милијарда долари казна на САД, за да се стави крај на забраната која ја спречува на клучни делови од нејзиниот бизнис, вклучувајќи продажба на паметни телефони, објави „Ројтерс“.

Забраната поврзана со нарушување на американското ембарго на трговијата со Иран, не му дозволуваше на вториот по големина кинески производител на телекомуникациска опрема да купува американски компоненти на кои се потпира за да прави смартфони и други уреди.

Покрај паричната казна, „ZTE“ се согласи да го промени своето управување во замена за укинување на забраната. Во писмо до вработените претседателот Ин Имин изјави дека „ZTE“ ќе се врати кон бизнисот што е можно поскоро и ќе држи одговорни оние кои се виновни за тоа што се случило, тврди извор.

„Овој случај ги одразува проблемите кои постојат во нашата корпоративна култура и на ниво на управување“, пишува Ин според изворот, додавајќи дека инцидентот е предизвикан од грешките на неколку менаџери и функционери на „ZTE“.

Ин додава дека забраната од САД предизвика „голема загуба за компанијата“, која била принудена да плати „катастрофална цена“.

Од компанијата „ZTE“ не одговорија на барањата за коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП