5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda подготвува 5 електрични и 5 хибридни модели

Skoda подготвува 5 електрични и 5 хибридни модели

2017-та година се покажа како најуспешна во историјата на „Skoda“ – чешкиот бренд на „Volkswagen“ продаде 1.200.500 автомобили, што е за 6,6 проценти повеќе од 2016-та година.

Се чини дека 2018-та година е уште поуспешна – за првите два месеци од годината, компанијата од Млада Болеслав продаде 196.600 автомобили, што е за 12,4 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Но, Чесите се практично отсутни од пазарот на хибридни и електрични автомобили и успеаа да се заштитат од последиците од глобалниот скандал на „Дизелгејт“. И планираниот почеток на нови модели – 19 нови автомобили во наредните две години – треба да и обезбеди место на „Skoda“ меѓу брендовите кои нудат електрични модели и хибриди.

Во 2019-та година, „Skoda“ ќе ја претстави производната верзија на компактниот кросовер „Vision X“, кој дебитираше во март во Женева. За разлика од концептот, стандардната верзија ќе биде со конвенционален погон, исто како и другите кросовери од сегментот „B“, изработени под шапката на „VW“ групата.

Исто така, следната година ќе се појави и првиот хибрид на „Skoda“, кој ќе биде од предводникот „Superb“. Ова се уште не е потврдено, но се претпоставува дека погонскиот систем ќе биде сличен на оној на „Passat GTE“.

Малиот „Citigo“ ќе ја добие својата електрична верзија, исто така, во 2019-та година. Една година подоцна, ќе биде објавен вториот електричен модел на брендот, сериската верзија на концептот „Vision E“, а сега е познато дека ќе се постави на новата платформа на групацијата – „MEB“.

До средината на следната деценија, гамата на „Skoda“, ќе вклучува 10 електрифицирани модели, од кои половина ќе бидат електрични. Покрај тоа, компанијата планира да го зголеми своето присуство на повеќе пазари – од 102 до 120 земји, со Сингапур и Јужна Африка во следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП