Дел од улицата Тодор Александров, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС), и патот до Средно Водно викендов ќе бидат затворени за сообраќај поради брзинско-ридски натпревар во автомобилизам, информираат од Град Скопје.
Поради натпреварот „Награда на Скопје Водно 2018“, привремениот сообраќаен режим на овие места ќе важи в сабота од 8 до 16 и в недела од 8 до 15.30 часот.
Исто така, возилата на автобуските линии што го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25 а и 25 б, нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот в сабота, односно 15.30 часот в недела.