25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа продажба култниот автомобил на Мистер Бин

На продажба култниот автомобил на Мистер Бин

Автомобилот “мини” со боја лимета кој го возеше актерот Руан Аткинсон во познатата серија и филмови “Мистер Бин”, се продава на аукција за 60.000 долари.

Во првата епизода автомобилот на Бин беше во портокалова боја, но беше уништен на крајот од истата епизода. Оттогаш, Бин вози автомобил со лимета боја и напред со црна хауба.

Од снимањето во 1977 година, на автомобилот не сменето ништо , а во описот се вели дека со автомобилот доаѓа оригиналниот мотор што не е тестиран, како и останатите механички делови.

Покрај овој автомобил, на аукцијата “Икони и Легенди на Холивуд”, исто така се продава и автобусот во кој Сандра Булок го возеше во филмот “Брзина”, а за него е потребно да се издвојат 20.000 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП